| четврток, 6 декември 2018 |

Во Ѓорче и Сарај наврнале 70 литра на метар квадратен – поплавени подруми на повеќе згради

gorce

Поплавени се подруми на повеќе станбени згради и куќи, искорнати се дрва и затната е дел од канализацијата.
Во општината формирана е и комисија која излегла на терен да ги констатира штетите од невремето и да направи проценка.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека и две екипи на Противпожарна заштита на Град Скопје интервенирале на црпење вода на повеќе локации во градот.
Од Управата за хидрометеоролошки работи и за денеска попладне најавуваат пороен дожд и грмежи во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Нестабилно време ќе се задржи до петок, а од сабота се очекува сончево со температура до 37 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top