| четврток, 6 декември 2018 |

Наезда од бубашваби во Осиек

Во хрватскиот град Осиек има наезда од бубашваби, пишуваат хрватските медиуми.

– Неодамна се шетав со моето семејство и бевме шокирани кога видовме стотици бубашваби покрај автомобилите, ги имаше толку многу што сè беше црно! Чувството е страшно, бидејќи буквално додека шетате по асфалтот, чувствувате како тие ви крцкаат под нозете – изјави 45-годишен осиечанин, објави весникот „Јутарњи лист”.

Фактот дека бубашвабите излегуваат додека не е многу темно и додека се уште има луѓе на улиците укажува дека навистина ги има многу и дека се намножиле повеќе од вообичаено. Една осиечанка раскажа дека ситуацијата е уште полоша во вечерните часови. Имено таа дури и не видела дека гази по бубашваби, туку само ги слушнала под нозете.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top