| четврток, 6 декември 2018 |

Топлото време ги раздвижи бубашвабите и лебарките по зградите

Топлото време ги раздвижи лебарките, бубашвабите и мравките по станбените згради, па овие инсекти одеднаш станаа натрапници во домовите на скопјани.

Нивното присуство згрозува, а единствен спас од нив е колективно прскање на цела станбена зграда. За жал, многу често тоа не е така, па прскаат само оние што најмногу го чувствуваат нивното присуство. Лебарките, бубашвабите, мравките, болвите, осите, стениците и некои други видови инсекти се пренесувачи на заразни болести кај луѓето.

Од Службата за дезинсекција, дезинфекција и дератизација се децидни дека таквото поединечно уништување на овие инсекти секогаш е без успех, бидејќи инсектите шетаат и по становите на соседите. Затоа куќните совети или управителите треба да побараат од оваа Служба дезинсекција или дезинфекција на целата зграда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top