| четврток, 6 декември 2018 |

Знам кој го изврши убиството, но тука не е крајот – потресна исповед на сопругата на Оливер

-Оливер и јас се и сешто проживеавме, а тие кои го направија ова мора да знаат дека ова нема да заврши туку така- порачала сопругата на Оливер Ивановиќ.
Милена Ивановиќ веста за смртта на својот сопруг не можела да ја дочека на нозе, паднала во несвест откако лекарите и ја соопштиле најстрашната вест, но таа собрала сили да продолжи понатаму заради нејзиниот син.

-Не знам како ќе му кажам на синот дека го нема неговиот татко – рекла таа низ солзи.
Милена рекла и дека знае кој го извршил убиството.

– Ми го зедоа повторно. Не можев да го сочувам. Ме задуши кога ја слушнав ужасната вест. Како да не ми се слоши по сето она што го преживеавме со Оливер. Како да бидам добра. Оние што го направиле ова мора да знаат дека тоа нема да заврши туку така – додала сопругата на Оливер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top