| четврток, 6 декември 2018 |

Џабе ви се кариерата и парите, ако немате со кого да бидете кога ќе остарите – Мирка Васиљевиќ објасни зошто рано стана мајка

Мирка Васиљевиќ проговори за мајчинството. Актерката која е мајка на три деца, истакнала дека индивидуална работа е кога некоја жена ќе стане родител.

-Јас сметам дека апсолутно секој има свое време кога треба да роди и тоа е индивудуална работа. Во опкружувањето имам примери во кои предност е раното раѓање, но и одложеното раѓање деца.Прашањето кое го поставив на себе, кога посакав да станам мајка е дали тоа навистина го сакам и ако тоа го посакувате, тогаш се се може. Друга работа е тоа дека кариерата е убава и треба да се гради, но кога еден ден ќе отидете во пензија, ако немате со кого да го поделите времето, џабе ви се и парите и и кариерата и силното СиВи – рекла актерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top