| четврток, 6 декември 2018 |

Дер Шпигел: Недопрената убавина на Голем Град

Mazedonien

Пеликани, корморани и желки: Не единствениот остров во Макеоднија туристите искусуваат недопрена природна идила. Дури во 2008 година, овој ненаселен остров стана достапен – за еден успешен архитект, тој е едно од најубавите места во светот.

За Шпигел, архитектот Гоце Станкоски вели дека ова место е вистинска убавина, но дива.
„Пред некоја вечер заборавив мед на балконот, во текот на ноќта ме посети мечка”, рекол Станкоски.

Тој појаснил дека има хотел во Коњско, но дека носи мали групи на туристи да го посетат островот.

Овој остров е дел од Националниот парк Галичица, чиј истоимен планински масив се протега по должината на албанско-македонската граница. Дури во 2008 година, македонската Влада даде дозвола на островот слободно да се шета бидејќи туристите го бараа тоа.

Шпигел пишува дека островот се издига 30-метри над површината на водата како висок куп на карпи, од каде и го добил името. Ова парче од 18 хектари веројатно е оштетено од соседните планини кога огромен праисториски земјотрес го создал езерото. Само околу 1200 метри од јужниот дел на Преспанското Езеро се среќаваат граничните линии од Македонија, Албанија и Грција едни со други и со чамец за само некоку минути може да се стигне до трите држави.

spigel golem grad

Дел од Голем град е речисни снежнобел и потсетува на креда. Сепак, за разлика во Балтичко Море, природните ѕидовите на змискиот остров се во боја. “Тоа доаѓа од наследството на птиците”, објаснил Гоце за Шпигел насмевка. Целиот остров е обложена со чемпрес, а ти се чини дека дрвјата растат надвор од карпите.

Гоце им кажал дека мирот и чистиот воздух го тераат да остане овде. Раскажал дека пред 15 години, кога прв пат дошол имал проблеми со здравјето, но дека денеска тој се чувствува одлично и дека преку природата тој се изразува себеси. Им објаснил дека иако се вика змиски, нема потреба од страв од овие рептили. Тие се мали и безопасни и се околу карпите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top