| четврток, 6 декември 2018 |

Мартин Шулц: Трамп претставува закана за демократијата

Поранешниот прв човек на Европскиот парламент и кандидат на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) за германски канцелар, Мартин Шулц оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп претставува „закана за демократијата“.

Во интервју за весникот „Шпигел“, Шулц нагласи дека со своите одлуки и постапки Трамп си „игра со безбедноста на западниот свет“.

– Тоа што почна да го прави американскиот претседател се вика борба на културите, потенцира Шулц.

Тој во интервјуто побара германската канцеларка Ангела Меркел јасно да се дистанцира од новата американска Администрација.

– Канцеларката нема право немо да ги набљудува овие неприфатливи постапки. Ако Трамп продолжи да го урива нашиот вредносен систем, треба јасно да кажеме дека тоа не е и наша политика, истакна Шулц.

Според него, од изборната кампања во САД светот може да извлече само една лекција, а тоа е дека во никту еден случај не треба да се води таква предизборна борба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top