| четврток, 6 декември 2018 |

Претепал жена и и се заканувал дека ќе ја изеде помрачина: Халид Муслимовиќ, предмет на истрага

Халид Муслимовиќ се нашол под истрага на полицијата поради сомневање дека претепал 45 годишна жена, после што наводно и се заканувал дека ќе ја изеде мрак. Истрагата, како што пренесува Аваз, е покрената откако С.Б. го пријавила пејачот обвинувајќи дека ја нападнал во Козарица додека со автомобил се возеле за Бањалука, каде таа живеела.

Таа пријавила дека се скарале во ноќта на 27 јули меѓу два и три наутро, после што тој и задал повеќе удари по лицето и телото. Во пријавата навела дека по доаѓањето во Бањалука, ја исфрлил од автомобилот.

Портаролот на ПУ Бањалука Марија Маркановиќ ги потврдила овие наводи.

-Полицајците постапиле по пријава и го испрашале Муслимовиќ. После комплетирање на предметот против него, ќе биде доставен извештајот до окружното јавно обвинителство во Бањалука-изјавила Маркановиќ.

Како што се наведува, Муслимовиќ се товари дека направил кривично дело, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.

Популарниот пејач, демантирал се.

-Точно е дека се понудуив да ја превезам. Беше пијана и сакаше да одам со неа во нејзиниот стан. Ја измисли целата приказна бидејќи не сакав да играм по нејзно. Не е точно дека ја претепав. Како господин ја довезов до дома, сакав да и излезам во пресрет и на крај добив непријател. Се излажа како би ми напакостила- изјавил Халид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top