Халид Муслимовиќ призна дека единствено со Харис Џиновиќ не е во добри односи. Тој вели дека популарниот сарајлија не го навредил како пријател, бидејќи не го ни сметал за таков, туку како човек и соработник.
Муслимовиќ никогаш нема да може да заборави тоа што Џиновиќ му го сторил, по се што тој сторил за него.
-Никако не смееше да си дозволи да ми стори некои работи. Заборава кога во времето на воените години со срце го прифатив за да му помогнам. Кога почна агресијата Харис беше во Белград, така сакаше и заради тоа подоцна имаше многу проблеми. Тогаш го напушти градот и дојде во Виена. Тогаш го посочуваа бидејќи бил во Белград, но јас застанав зад него зборував како е добар човек, дека не еонаков како што се зборува… Многу сторив за него и тогаш и потоа, но тој тоа не знаеше да го цени. Ми наштети во некои другои работи за кои сега не би зборувал- раскажува Муслимовиќ за босанските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.