| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвезда: Дуа Липа барала на летот да не се служат кикирики, зошто сестра ѝ е алергична

Познатата пејачка со албанско потекло, Дуа Липа, побарала од стујардесите на нејзиниот лет со „Јунајтед ерлајнс“ да не служат кикирики, затоа што нејзината сестра Рина била алергична.

  • Не можам да поверувам дека на лет на „Јунајтед ерлајнс“ и кажав на стујардесата дека сестра ми има тешка алергија на кикирики и нејзиниот одговор беше „Во нашите авиони има кикирики, па ако таа има инекција, можеби ќе треба да ја употреби. Не може да не ги служиме останатите патници“ – твитна Дуа Липа.

Компанијата веднаш и одговорила дека иако безбедноста на патниците е нивен приоритет, не можат да гарантираат околина без алергени состојки. Тие подоцна контактирале со ѕвездата и ѝ се извиниле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top