Оливер Драгојевиќ се бори со рак на белите дробови, кој му беше дијагностициран минатото лето, а болеста сѐ повеќе зема замав.
Пејачот неодамна одржа концерт во Хрватска, но сега го одложил патот до Згреб каде што исто така требало да се појави на сцена.
-Ѓаволска болест е тоа, малку ослабев, но се надевам на позитивен исход. Најважно е што ќе останам цврст во главата, а и психички се чувствувам добро. Пијам многу лекови, за секакви чуда. Против болки, за крв, за енергија, па можат да се случат и нуспојави. Тешко е се да се усклади и да се биде сигурен дека сите таблети се меѓусебно компатибилни. Две недели дури останав без слух, како ушите да ми беа запушени – изјавил Драгојевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.