Министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју за „Макфакс“ објаснува дека поништениот тендер за набавка на реагенси од 36 милини евра не е скандалозен и затоа тој не гледа причина да си поднесе оставка. За него е неприфатливо тоа што само една фирма се јавила на тендерот оти очекувале најавената заштеда со централизираната набавка да се случи на јавната аукција, со наддавање. Плановите пропаднале кога утврдиле дека само една фирма е заинтересирана, а утврдиле дека и нејзината документација има пропусти. Кои се пропустите, министерот најави дека ќе каже следната недела кога истекуваат роковите за жалба по евалуацијата на понудата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче: Маските не го решаваат проблемот со аерозагадувањето
-
Филипче најави нов тендер за реагенси од 35 милиони евра
-
Филип Димишковски е првиот пациент во Македонија кому му е извршена трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија