Новиот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо во моментов е најпопуларен спортист на планетата и тоа максимално го користи.
Роналдо на социјалната мрежа Инстаграм има неверојатни 136 милиони следбеници и убедливо најмногу од сите спортисти заработува благодарение на оваа популарна мрежа.
Веќе од порано е познато дека Роналдо на оваа социјална мрежа ги рекламира своите спонзори, кои издвојуваат сериозни пари за нивното лого да се прикажува на фотографиите кои ги гледаат милиони луѓе.
Доколку некој сака да се појави на објава на Роналдо, мора да плати неверојатни 750.000 долари. Значи една фотографија и 750 илијади легнуваат на сметка.
Тоа го може само Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.