| четврток, 6 декември 2018 |

Изнајмувач на лежалки ги брка гостите кои не сакаат лежалки: Ова е моја држава, мое море! Затоа седиш на земја! (видео)

На хратскиот брег извесно време трае студена војна меѓу изнајмувачот на лежалки и други потребни нешта за плажа и туристите кои одбиваат скапо да платат за тие лежалки и користат само сопствени пешкири.Читателите на порталот index.hr  испратиле видео запис снимен на плажата во Селце, место покрај Цриква.

Најновиот пример стигнува од плажата во центарот на Селце, каде минатата недела туристите ги снимиле своеволниот изнајмувач на лежалки како од плажата ги брка луѓето кои одлучиле да не изнајмуваат лежалки од него.

Кога изнајмувачот им пришол на туристите и му се обратил мажот на „ти“, тој го предупредил дека „не чувале овци заедно“ и да му се обраќа со „Вие“.

-Делувате како да сте чувале овци, одговара човекот што ги изнајмува лежалките. Може ли да се договориме нешто? Утре да не бидете овде, пробува газдата да се „договори“.

-Не може, му одговараат посетителите на плажата.

Потоа се обидел да ги наговори со зборовите дека ќе им изнајми само една лежалка. Но, му рекле дека „ не дозволуваат да бидат уценети“.

-Затоа седиш овде долу на земја, бидејќи никогаш ништо во животот не си направил од толку многу ум, ги провоцира „сопственикот“. Ти си еден голем мрзеливец!-вели и заминува, а потоа снимката се прекинува.

Повторно доаѓа кај туристите и им вели дека имаат „празна глава и безобразен менталитет“.

– Менталитет!?

– Да, поголем Хрвта сум од тебе!-смета сопственикот на лежалките. Мислиш дека ако си од Осијек дека тоа е некоја голема работа! Заради такви како тебе нормалните бегаат од овде. Сега ова ќе го решаваме на грд начин, еј, ама на грд начин!

Како што пишуваат хрватските медиуми, читателите јавуваат дека „сопственикот на плажата“ ја оградил цела плажа, одел до сите луѓе кои биле на неа а не плаќале лежалка и се обидувал да ги избрка од плажата, а потоа им ги расфрлал пешкирите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top