Перфектно озвучување, осветлување, беспрекорен настап, одлична атмосфера…Концертот на Цукеро синоќа во Охрид ја крена на нозе публиката која ја исполни салата „Билјанини извори“. На концертот меѓу гостите политичари, музичари, љубители на музиката на Цукеро. Исполнета салата со луѓе желни за добра музика.
Поради лошите временски услови кои деновиве ја зафатија земјава концертот на Цукеро беше дислоциран и наместо на Античкиот театар се одржа во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид. Но, тоа воопшто не беше проблем да се доживее на уникатена начин настапот на најдобриот европски вокал-Цукеро. Многумина коментираа дека присуствувале на најубавиот романтичен концерт во животот. А што да се очекува од еден Италијанец, со уникатниот вокал, искуство, талент…
За романтичната атмосфера придонесе изведбата на италијанските блуз балади на Цукеро. Публиката топло го прифати од самиот старт, сите на нозе ги дочекуваа една по една песните на кои никој не може да остане рамнодушен и да не танцува, а Цукеро самиот ги повика на танц најавувајќи го хитот „Baila Morena”.
Во чест на Павароти ја испеа “Miserere”.
-Ова е за Лучијано“, рече Цукеро аплаудијарјќи заедно со публиката.
„Senza Una Donna“ ја остави за крај. Публиката врескаше а тој на македонски јазик рече: „Благодарам Македонија и со среќа“.
Цукеро за прв пат настапува во Македонија, но веднаш се почувствува флуидот со публиката и тој малку на италијански, малку на англиски, но се потруди и на македонски да и се обрати.
Две години сме на оваа турнеја и го вртиме светот, но за прв пат сме во Македонија. Требаше да свириме во отворен театар, но…, метео, метео. Следен пат, рече Цукеро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.