Јелена и Новак Ѓоковиќ се потресени откако непознати лица синоќа се обиделе да го киднапираат дедото на Јелена, Милослав Радисављевиќ(85).
Како што пишуваат српските медиуми синоќа двајца маскирани мажи упаднале во куќата на дедото на Јелена, барале пари, а на крајот го врзале за метална конструкција и му земале 26.000 динари.
Новак и Јелена се во целосен шок и се заблагодариле на полицијата на брзата реакција.
-Поради фактот дека истрагата се уште е во тек, ја молиме јавноста за разбирање, не можеме сега да даваме никакви изјави – кратко порачале од ПР тимот на Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не сум сигурен дека сакам да продолжам да играм: Ѓоковиќ размислувал да го напушти тенисот!
-
Не ме слушаше, правеше по свое, а поради исхраната немаше сила: Агаси конечно проговори за разделбата од Ѓоковиќ!
-
Ѓоковиќ: Блиску сум до мојата најдобра форма
-
Новак конечно ја покажа ќерката: Фотографија која го опи светот!