Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје, ќе го пречека поранешниот тренер Алеш Пипан со Олимпија, на премиерата од новиот циклус во АБА-лигата на 5 октомври. Пипан е селектор на Македонија, ќе нѐ предводи на Евробаскетот во Словенија во септември, а изненадувачки го напушти МЗТ и потпиша за Олимпија.
Дуел за мерак и за полна сала и на стартот од Јадранската лига, но и во петтото коло, на 26 октомври, кога ќе гостува шампионот и најтрофејниот тим во АБА, Партизан.
Еве го распоредот на МЗТ Скопје за првиот дел од сезоната:
1. коло: МЗТ Скопје – Унион Олимпија
2. коло: Шолнок – МЗТ Скопје
3. коло: МЗТ Скопје – Будуќност
4. коло: Цедевита – МЗТ Скопје
5. коло: МЗТ Скопје – Партизан
6. коло: Мега Визура – МЗТ Скопје
7. коло: МЗТ Скопје – Крка
8. коло: Задар – МЗТ Скопје
9. коло: МЗТ Скопје – Игокеа
10. коло: Цибона – МЗТ Скопје
11. коло: Широки – МЗТ Скопје
12. коло: МЗТ Скопје – Црвена Звезда
13. коло: Раднички – МЗТ Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика