Грчките власти побараа помош од американската армија во пронаоѓање на лицата кои го подметнале смртоносниот пожар во околината на Атина.
Грција како членка на НАТО очекува помош како испраќање на дронови со чија помош ќе се надгледува областа и ќе биде откриена секоја сомнителна активност.
Вонредна состојба е прогласена во западниот и источниот дел од Атина. Надлежните истакнуваат дека 15 пожари избиле истовремено во три региони, што не може да биде случајност.
Советот за одбрана испратил специјално обучени членови на вооружените сили и Националната гарда во помош со патроли за цивилна заштита за спречување пожари, пренесува порталот Катимерини.
Министерот за цивилна заштита Никос Тоскас навел дека 3 од4 пожари се изгаснати во неделата на исто место каде започнале пожарите.
-Тие пожари не се случајни – рекол тој.
Подметнувањето пожар не е реткост во Грција, особено во летните месеци. Во стравичен пожар за време на 2007 година настрадаа 77 лица и тогаш е утврдено дека е подметнат од „градежната мафија“ за да се промени намената на земјиштето кое било под заштита на државата. Имено, после пожарот заштитените зони се префрлени во градежно земјиште.
Зад подметнатите пожари неретко стојат и обични криминалци, кои чекаат среде огнената стихија, сопствениците да ги напуштат домовите и вилите и тие да почнат да ограбуват.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Осигурителните компании ќе исплатат над 10 милијарди долари поради пожарите во Калифорнија
-
Се врати дома, а домот го нема: И куќата на Жерард Батлер изгоре во пожарите (фото)
-
Уште една оставка во Грција поради пожарите
-
По пожарите во Грција сменети се началниците на полициските сили и противпожарната бригада