| четврток, 6 декември 2018 |

Папандреу – принцот

grckaЈоргос Папандреу живее како принц, пишува грчкиот весник „Димократија“. Поранешниот грчки премиер се наоѓа на одмор во луксузен хотел во моменти кога неговата земја тоне во сиромаштија, пишува весникот. Годинава Папандреу порано го почнал летниот одмор „бидејќи тој сака да спортува“, се додава во текстот.
По одморот на грчкиот остров Серифос, на околу 118 километри од Пиреја, поранешниот грчки премиер заминал за Килини, при што избрал хотел со поглед кон Јонско Море. Хотелот со пет ѕвезди „Мандола Роса“ има СПА центар со површина од 1.400 метри квадратни, а исто така и соби и вили со приватни базени, додава грчкиот весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top