Даночните обврзници што вршат дејност во туристичките места, како и субјектите кои се позиционирани на патните делници се предмет на засилен мониторинг од страна на Управата за јавни приходи, преку зголемено присуство на терен и ангажирање на сите расположливи капацитети.
Како што информираат од УЈП, покрај тоа, активно ја следат и даночната дисциплина кај сите даночни обврзници.
– Апелираме даночните обврзници редовно да ги подмируваат даночните обврски и укажуваме на потребата од зголемување на даночната дисциплина особено за време на летната и туристичката сезона, со цел избегнување на даночни и прекршочни постапки со кои би се соочиле бизнисите, а со кои би се намалила нивната сезонска заработка и углед, се вели во соопштението од УЈП.
Во него се додава и дека навременото и уредното плаќање на даноци е предуслов за создавање на еднакви услови на пазарот и лојална конкуренција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство