Грција ја зафатија големи пожари, а огинот голта се пред себе.
Најкритично е во одмаралиштето Мати кое се наоѓа источно од Атина. Животот го изгубиле најмалку 50 лица, а повеќе од 100 се повредени. Има и туристи кои се водат како исчезнати.
Во вила во одмаралиштето Мати, пожарникарите затекнале морничава глетка, дури 26 јагленисани тела. Трагедијата да биде поголема, веројатно станува збор за членови на семејство, а нивните посмртни останки се пронајдени прегрнати.
На социјалните мрежи се проширија морничави сведочења на луѓе кои се нашле во катастрофата.
-Ретко кое лето во Грција поминува без пожари. Повеќето од нив се случуваат поради немарноста на луѓето. Ако во моментов сте во Елада и ако сте пушач, немојте да ги фрлате отпушоците низ прозор. Сето тоа го правиме не размислувајќи за последиците. Наполнете едно шише од половина литар со вода и користете го како пепелник ако сте во автомбоил или на отворено. Не чини многу. Во вчерашниот пожар животот го изгубија 20 луѓе, многу од нив остана без кров над глава, а причината не е големата жештина. Таа само погодува на немарноста на луѓето – е еден од постовите на социјалните мрежи.
-156 повреднеи, од тоа многумина од нив потешко и што е најлошо има многу деца. Доста од нив се удавиле барајќи спас во морето…Ужас – напишал некој од српските државјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.