
Поради стресот што го доживеа околу разводот со Мустафа Сандал, Емина Јаховиќ загуби десет килограми за еден месец, тврдат блиските пријатели на пејачката.
Тоа ги загрижи нејзината мајка и постариот брат Мирсад, кој буквално и резервирал авиобилет за Лондон и и закажал преглед на една од најпрестижните лондонски клиники, каде што Емина ги направила потребните анализи и каде што лекарскиот тим и поставил дијагноза и и препишал терапија.
-Мирсад веќе не можеше да гледа како ги губи килограмите. Познато е дека таа и порано имаше проблеми со варење на храната, па осцилациите во нејзината килажа беа очигледни, но сега станаа загрижувачки. Емина речиси по секој оброк имаше мачнина и не можеше да ја свари внесената храна. Стресот поради разводот со Мустафа и ја влоши состојбата и загуби 10 килограми за еден месец. Едноставно, желудникот почна да и ја одбива храната и состојбата и стана алармантна – открива добро ифромиран извор за Телеграф.рс.
Емина во последно време се жалела и на чести несвестици, што било знак за нејзината мајка да ја натера да оди во Лондон и да го послуша брата си. Прегледите на клиниката покажале дека пејачката има нарушување во исхраната и пропишана и е соодветна терапија. Експертите ја предупредиле да јаде почесто помали оброци за да го навикне желудникот на храна, а со поголемо количество храна би можеле да и се зголемат и килограмите. Пејачката ги прифатила советите на лекарите, но продолжила со интензивни тренинзи, што не се препорачува во нејзиниот случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Емина и Мустафа заедно: Ја здогледал во толпата и ја прегрнал, а нејзината реакција ги изненади сите!
-
Не би сакал да имаме проблеми: Мустафа го одвлекол момчето на Емина на страна и му одржал лекција!
-
Нивната љубов добива ново ниво: Се појавија нови фотографии на Емина и турскиот милијардер
-
Први папарацо фотографии: Емина Јаховиќ фатена со турскиот милијардер!(видео)


