| четврток, 6 декември 2018 |

Трансфер утките на Барселона

Давид Вилја си замина од Барселона, за 5,1 милиони евра во Атлетико Мадрид и тоа на рати што „јорганџиите“ ќе ги исплаќаат сезона по сезона. Сумата е далеку под очекувањата за најдобриот стрелец во историјата на националната селекција на Шпанија. Вилја, сепак, има 31 година, Барселона задржува право да добие 50 проценти од следниот трансфер на напаѓачот, но овој договор е една од утките на каталонскиот клуб,

За Вилја Барселона плати сума од 40 милиони евра пред 3 сезони, кога напаѓачот дојде од Валенсија. Полошо шампионот на Шпанија мина со Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот летото во 2009 година пристигна од Интер за околу 87 милиони евра, сметајќи го и заминувањето на Самуел Ето во спротивен правец од Барселона во клубот од Милано. На крај популарниот Ибракадабра му беше продаден на Милан за само 24 милиони евра, што е уште еден неуспешен договор на Каталонците.

На третото место е утнувањето со Енрике. Бразилецот дојде од Палмеирас за 16 милиони евра и никогаш не заигра за Барселона. Беше испратен на позајмица во Баер Леверкузен, па во Расинг Сантандер, за да му биде раскинат договорот пред две години. Барселона притоа му ги исплати сите пари според договорот.

Слични се приказните и со Александер Хлеб, со Бразилецот Кеирсон, потоа и со Касерес, Чигрински и Макси Лопез. Сите беа платени „солено“, не играа на очекуваното ниво, или воопшто и не настапуваа за Барселона, а од нив Каталонците и не заработија ништо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top