Паушална и повисока проценета вредност на имотoт од реалната пазарна вредност, што влијае на висината на данокот што го плаќаат, е една од поплаките што ги изнеле граѓаните во неодамна објавената анализа за администрирање на даноците во град Скопје.
Решение на таквите проблеми експертите и институциите гледаат во поедноставување на постојната или подготовка на нова методологијата за утврдување на пазарната вредност, спроведување масовна проценка од страна на Агенцијата за катастар на невдижности за тоа да биде основа за пресметка на висината на даноците на имот. Се препорачува и вклучување независни проценители, особено во случаи на жалбена постапка и реевалуација на вредноста на имотот, по примерот на европските држави.
Официјалните податоци покажуваат дека стапките на данокот на имот во Македонија се ниски во споредба со другите европски земји, но, граѓаните во анкетата спроведена за потребите на анализата наведуваат дека се незадоволни од износот што го плаќаат. Мнозинството од анкетираните не се согласуваат дека износот што го плаќаат за данок на имот односно за данок на наследство и подарок е разумен и правичен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.