Град Скопје ги известува сите правни и физички лица што имаат непријавен недвижен имот или извршиле промена на сопственост на имотот дека промената можат да ја пријават до 31 овој месец. Пријавувањето се врши во Град Скопје – Скопје, барака број 16, Сектор за финансиски прашања.
Кон пријавата е потребно да се достават следниве документи: копија од имотен лист или купопродажен договор, или наследно решение, договор за подарок (правната основа со која се врши здобивањето или промената на имотот) и лична карта на увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


