| четврток, 6 декември 2018 |

Канаѓани ја уредуваат чешмата на баба Ванѓа

Постои верување дека водата во чешмата е лековита

Постои верување дека водата во чешмата е лековита

Чешмата кај која славната балканска јасновитка баба Ванѓа, родум од Струмица, го загубила видот ќе биде нова туристичка атракција на Општина Ново Село, на неколку километри од македонско-бугарската граница, јавува порталот „Југоинфо“.

Со поддршка на канадската компанија „Еуромакс ресурси“, концесионер на рудникот за злато и бакар „Иловица“, во Ново Село, се гради покрив над чешмата, каде што, според сведоштвата на покојната баба Ванѓа, „ветрушка“ и’ го одзела видот. Уредувањето на местото е на иницијатива на Општината, со чија поддршка било направено зазеленување и поплочување на просторот и биле подигнати летниковци за одмор. Се верува дека водата во чешмата е лековита.

„Со целосната изградба на овој комплекс се очекува да се зголеми понудата на туристите кои доаѓаат во општина Ново село која располага со повеке природни убавини на планината Беласица“, пренесува „Југоинфо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top