За време на викендот, посебно во недела, нѐ очекува нагло и големо затоплување на времето, како и засилување на ветерот од југозападен и од западен правец, а токму со ова ќе подпаднеме под влијание и на изразено југозападно и западно воздушно струење кое ќе услови транспорт на прашина и песок од Сахара, релативно висока влажност во воздухот, која ќе услови многу мачно и спарно време, прогнозира Славчо Поповски.
Многу лошо ќе влијае и наглата промена на времето и падот на температурите на воздухот кој ќе започне веќе од самиот почеток на следната недела, вели метеопрогнозерот.
Особено од вторник температурите ќе опаднат речиси за близу 10 степени, а циклонот Флоријан повторно ќе се интензивира, па така ќе има и дестабилизирање на времето кај нас која ќе го зголеми условите за врнежи, грмежи и условите за локално невреме.
Најтопло ќе биде во недела кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.