Платно со ликот на Никола Саздовски беше раширено точно на 21 минута од дуелот меѓу Вардар и Пјуник во реваншот од првото коло во Лигата на Европа. Навивачката група „Комити“ со овој гест на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје му оддаде почит на нивниот член, 21-годишниот Никола Саздовски, кој по неколкудневна кома предизвикана од физичкиот напад врз него од страна на три лица, на Клиничкиот центар во Скопје им подлегна на повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.