Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика премиерот Зоран Заев во најскоро време, во текот на утрешниот ден, не подоцна од понеделник да организира лидерска средба во формат кој не би надминал повеќе од четворица.
-Како што беше праксата и до сега, односно најголемата политичка партија која ја сочинува владата, најголемата политичка партија на Албанците во Република Македонија која е коалиционен партнер во владата, најголемата опозициона партија, во случајот тоа е ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициона партија на Албанците во Република Македонија да седнеме, да разговараме отворено за сите оние отворени прашања кои му претходат на формирањето на новиот состав на ДИК, па дури потоа да дискутираме за формирањето на новиот состав на Комисијата, вели Мицкоски кој изрази надеж дека ќе преовладува разумот и мудроста кај владата.
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти лидерската средба по нешто повеќе од час поради незастапеност на сите политички парламентарни партии, како и поради девијантното однесување, како што рече Мицкоски, на владини претставници и парламентарното мнозинство во текот на вчерашниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Христијан Мицкоски денеска во „Отворено“ на „Алфа“
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Христијан Мицкоски: Учи од вчерашниот ден, живеј за денес, надевај се за утре
-
Сомнежот во јавноста дека некој тргува со правдата и правото, говори дека нема ниту правда ниту правдина, вели Мицкоски