Ова саемско претставување е втор логичен чекор во долгорочниот промотивен план за Полска по ланските средби меѓу македонскте туристички агенции и полските тур оператори во Познањ, Варшава и Краков.
– На саемот се претставивме подготвени, со нови промотивни материјали на полски јазик и пред се, прекрасен штанд. Во рамки на манифестацијата во најфреквентниот период во текот на вториот ден ќе одржиме презентација пред полски тур- оператори и новинари. Со ваквиот континуиран, долгорочен настап очекувам да продолжи трендот на зголемување на бројот на полски туристи кај нас, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Јордан Трајков.
Економскиот промотор за Полска и Унгарија Љупчо Михаиловски потенцира дека Полска е голема земја и е една од ретките во ЕУ која во услови на економска криза имаше растечка економија.
– Полската економија е компатибилна со нашата. Ова е доволен показател за можни позитивни економски односи на повеќе полиња, вклучувајќи го и туризмот. Се радувам што се претставуваме овде и очекувам тоа да донесе значително поголем број на туристи од Полска во Македонија, истакна Михаиловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)
-
Размислете за Италија, Владата подарува вили и замоци


