Шпанскиот шампион Барселона се согласи со трансфер на напаѓачот Давид Вилја во Атлетико Мадрид, за сума од 5,1 милиони евра.
За првата сезона Атлетико чќе и плати на Барселона 2,1 милион и евра, а ако Вилја остане во Атлетико, популарните „јорганџии“ од Мадрид ќе платат уште 2 милиони. Доколку шпанскиот репрезентативец ја одигра и третата сезона во Атлетико, Каталонците ќе инкасираат уште еден милион евра.
Барселона задржува 50 проценти од правата за приход, при евентуален следен трансфер на Вилја во друг клуб, по настапите за Атлетико. Во клубот од Мадрид, давид треба да го замени Радамел Фалкао, кој го засили Монако.
Како одминуваат годините и цената на Вилја драстично паѓа. За него Валенсија и плати на Сарагоса 12 милиони евра во 2005 година, а од „Месталја“ еден од најдобрите шпански напаѓачи се пресели во Барселона, за сума од 40 милиони евра, во 2010 година. Давид има 31 година, тој е првиот шпански репрезентативец што ја мина магичната граница од 50 гола за националната селекција и се уште е најдобар стрелец во историјата на „црвената фурија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


