| четврток, 6 декември 2018 |

Летиција Каста ќе снима филм во Битола

Светски познатата актерка и супермодел на „Викторија сикрет“ Летиција Каста ќе снима филм во Македонија.

Во периодот од 20 јули до 24 август во околината на Битола ќе се одвива снимањето на долгометражниот филм „Позади хоризонтот“ (Le Milieu d L’Horizon) во кој една од главните улоги во филмот ќе ја толкува убавата Каста.

Филмот е копродукција помеѓу „Бокс продакшн“ од Швајцарија и „Entre chien et loup“ од Белгија. Режисерka на филмот е Делфин Леeрисе (Delphine Lehericey) и финансиски е поддржан од Еуримаж. Носител на филмскиот сервис е македонската продуцентска куќа „Кино Око“.

Покрај Каста, која ги красеше насловните страници на сите врвни светски модни магазини и учестуваше во ревиите на најпознатите модни дизајнери, во филмот улогите ги толкуваат и Клеманс Поеси (Clémence Poesy) која играше во серијалите за Хари Потер и телевизиските серии „Озборувачка“, „Гениј“ или тв-серијата за познатиот шпански сликар Пабло Пикасо, „Војна и мир“…

Клеманс Поеси

Како што соопштуваат од „Кино Око“, филмот ги користи поволностите на Законот за филмска дејност во делот на поврат на финансиски средства кои не се обезбедени од Буџетот на Македонија.

– Со оглед на големите актерски имиња и сериозноста на продуцентските куќи кои стојат зад голем број успешни филмови, сметаме дека овој проект ќе биде од големо значење за промоција и афирмација на Македонија како дестинација за снимање филмови – велат од „Кино Око“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top