| четврток, 6 декември 2018 |

Дијаспората ќе собира пари за казната на Лозано, ако Владата реши да го тужи

Претставници на повеќе организации на македонската дијаспора најавуваат дека ќе собираат пари за пејачот Лозано ако Владата реши да го тужи.

Лозано беше единствениот артист кој го откажа настапот во Охрид во рамки на прославата за поканата од НАТО која се сучи завчера во 15 градови.

И на социјалните мрежи но и преку друга комуникавија дел од дијаспората најавува дека Лозано нема да треба да ги плаќа сам евентуалните финансиски пенали.

Лозано во обраќање до јавноста изјави дека е подготвен да ги сноси сите последици.

Владата денеска треба да објави дали ќе преземе правни дејствија затоа што Лозано не го исполни писмениот договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top