Литванските бизнисмени се заинтересирани за искористување на потенцијалите за инвестирање што ги нуди Македонија. На бизнис форумот во Вилнус на која присуствуваше и владина делегација со премиерот Никола Груевски, претседателот на Стопанската комора на Литванија, Валдас Сутрус изјави дека желбата за соработка и можноста за инвестирање што ја нуди Македонија ќе им помогне на литванските бизнисмени да ги искористат бенефициите и поволностите кои ги нуди државата. Според него, Македонија е добар пример како се исполнуваат добри предуслови за развој, а комора ќе ги стимулира членките да направат анализи за искористување на македонските потенцијали при ширење на својот бизнис.
Претставувајќи ги предностите кои Република Македонија ги нуди премиерот Никола Груевски набизнис форумот истакна дека се отвораат уште три технолошко-индустриски развојни зони во Штип, Тетово и втора зона во Скопје, а планирани се уште седум нови зони.
– Тие нудат низа поволности како што се ослободување од данок на добивка и данокот на доход во првите 10 години, даночно ослободување на реинвестираната добивка и ослободување од административни такси. Во зависност од висината на инвестицијата, даваме субвенција за уредување на земјиштето кое се дава под закуп под поволни услови за период до 99 години и обезбедени инфраструктурни погодности, како што е бесплатно приклучување до гас, електрична енергија и комунално поврзување, нагласи Груевски.
Трговската размена меѓу Македонија и Литванија остава простор да бележи тенденција на зголемување. Во 2012 година, вкупната трговска меѓу двете земји изнесуваше 4,3 милиони американски долари, од кои извозот 2,5 милиони долари, а увозот 1,8 долари. Во периодот од јануари – април 2013 година, размената изнесуваше 840 илјади долари, од кои извозот 539 илјади долари, а увозот 301 илјади долари.
Бизнис форумот во Вилнус се одржа на маргините на политичката посета на македонската владина делегација на Република Литванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


