Дебаклот кој вечерва го доживеа „Големата граѓанска прослава“ низ 15 града во Македонија, вклучително и во Скопје, се потврди и со откажаниот директен пренос на Македонската радио-телевизија.
Иако главната прослава најавена за Градскиот парк во Скопје требаше да биде пренесувана во живо на националниот сервис, во последен момент програмата беше сменета. На МТВ прво беше прикажуван игран филм, па стар концерт на Каролина.
Пред бината кај Школка едвај 500 души да слават заедно со СДСМ. Слично фијаско ги дочека и во останатите градови низ Македонија.
Заев не доби шамар само од граѓаните. Етно групата „Љубојна“ во последен момент го откажа настапот во Струмица, а Лозано не се појави на бината во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.