Според „Волстрит џурнал“, Грција, Португалија и Кипар ќе им биде неопходна дополнителна финансиска помош и покрај 200 милијарди евра од стабилизирачките програми на ЕУ и од ММФ. Весникот наведува дека ЕУ се соочува со проблем да изнајде дополнителни пари за економски најслабите земји-членки на еврозоната.
– На Лисабон годинава ќе му бидат неопходни 14 милијарди евра и уште 15 милијарди ерва во 2014 година, за да ги подмири долговите за веќе издадените државни обврзници, посочува „Волстрит џурнл Јуроп“.
Министрите за финансии од еврозоната во Брисел ја договараат следната транша од 8,1 милијарда евра за Грција и ќе разговараат за кризата во Португалија. ЕУ се сомнева и дека програмата за помош на Кипар од 10 милијарди ерва ќе биде доволна поради тоа што кипарската економија е во слободен пад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


