Додека власта фрла огромни пари за да го прослави поразот, Фејсбук и другите социјални мрежи се преплавени со апели за помош на болните и беспомошните. Луѓето коментираат дека за ваквите случаи треба да се погрижи државата, која треба да им излезе во пресрет и да обезбеди пари за нивното лекување, наместо да троши пари за некави прослави. На сите овие деца и луѓе, скратена им е можноста за спас, бидејќи нивните семејства не можат да обезбедат доволно средства за нивно лекување.
Токму затоа корисниците на социјалните мрежи коментираат дека сите средства од прославата треба да се насочат за ваквите случаи, на кои им е потребна финансиска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.