| четврток, 6 декември 2018 |

Ванеса Паради ќе го лечи Џони Деп од депресија

vanesaparadiФранцуската пејачка Ванеса Паради (40) најверојатно повторно ќе мора да се грижи за депресијата на поранешниот партнер Џони Деп, пишуваат француските медиуми.

Ѕвездата од “Пиратите од Карибите” деновиве беше напуштен од 26-годишната актерка Амбер Херд.

Русокосата беше во врска со Деп седум месеци и поради неа заврши долгогодишната љубов на актерот со Паради. Пријателите се исплашија од промените во расположението на Деп најмногу поради неговите планови да има деца од неа.

Паради не сака нивните деца да го гледаат таткото во депресија и затоа таа во периодов ќе се занимава со здарвствените проблеми на Деп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top