| четврток, 6 декември 2018 |

Ги засени познатите родители (ФОТО)

CHANEL Paris-Salzburg 2014/15 Metiers d'Art Collection - Arrivals

На синоќешната ревија на „Шанел“ беа поканети и присуствуваа многу познати личности од светот на модата, филмот, музиката. Сепак, најголемото внимание го привлече петнаесетгодишно девојче, кое ги одушеви присутните на црвениот килим во Њујорк.

CHANEL Paris-Salzburg 2014/15 Metiers d'Art Collection In New York City - Arrivals

Лили Роуз Деп, ќерката на Џони Деп и на Ванеса Паради, на ревијата се појави заедно со својата мајка, а и двете, се разбира, носеа модели на „Шанел“.

15281a80-d85f-11e4-a3eb-372fc48e9e26_Lily-Rose-Depp-Vanessa-Paradis

 

Светските медиуми пишуваат дека Лили Роуз ја наследила убавината на својата 42-годишна мајка и дека ѝ претстои одлична кариера како моделка, доколку посака да се занимава со тоа.

vanessa-paradis-lily-rose-depp-inline

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top