| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасна сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: Пешак леташе неколку метри по ударот од автомобил

-Предмалку сведочев ужасна сообраќајна несреќа на крстосницата помеѓу “Партизанска” и “Климент Охридски”, напиша на својот Фејсбук профил новинарката Сашка Цветковска.

Брутално беше прегазен пешак којшто стоеше покрај коловозот и (веројатно) чекаше да помине. Не можам да проценам кој од овие два автомобила ја предизвика несреќата, но невиниот пешак буквално леташе неколку метри во висина пред да биде отфрлен долу по ударот во бандерата на кој му претходеше удар од еден од двата залетани автомобили. Тешко беше да се гледа како едниот возач не дојде ниту да види како е човекот (другиот беше во шок), а уште пострашно беше да се гледа како нечиј татко и дедо се обидува да дише во сопствените локви крв и телесни течности. Не разбирам, не можам да разберам ШТО НЕ Е ЈАСНО ВО ОНА “ВО ГРАД СЕ ВОЗИ 50”. ОК? 50! Многу едноставно. И ова не се несреќи, ова се убиства без предумисла. Ако знаеме колку се вози и зошто е така, а свесно го кршиме законот, ние сме убијци. Па вие се некаде брзате, а земјава одвај живурка, толку да итавте со добри причини немаше овде уште да имаме дебати за поставување корпи за отпадоци, за канализации и комарци. Штетници. Македонијс е лидер во број на жртви од сообраќајки во регионот. Примитивни едни, тие после ќе плачеле за некои си умислени еднакви права у меѓународна политика.

 

извор :Фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top