| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на ДУИ во Бугарија

goran-kol-09-ahmeti-na-govornica4

Делегација на владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ), предводена од претседателот Али Ахмети, придружуван од вицепремиерот Муса Џафери, политичкиот советник на партискиот лидер – Артан Груби, како и портпаролот Бујар Османи во вторник ќе престојуваат во официјална еднодневна посета на Бугарија, јаува „Мaкфакс“.

Притоа се најавува дека Ахмети ќе се сретне со бугарскиот премиер Пламен Орешарски, како и со министерот за надворешни работи на Бугарија, Кристиан Вегенин.

Од ДУИ известуваат дека Ахмети ќе одржи предавање при Дипломатскиот институт на Министерството за надворешни работи на Бугарија на тема 100 години по Балканските војни, помирување и интеграција.

Ахмети во изминатиот период престојуваше во САД, каде што одржа средби во Белата куќа, Конгресот, Стејт департментот, Пентагон, како и при постојаните мисии на САД, Велика Британија и Франција во Обединетите нации. Во Берлин ги посети Министерството за надворешни работи и Владата на Германија, а во Албанија се сретна со премиерот во заминување Сали Бериша, идниот премиер Еди Рама, како и идниот претседател на албанскиот парламент, Илир Мета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top