Дел од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на трибина ги споделија искуствата од децентрализацијата како можност за намалување на невработеноста по општините.
За Владимир Талески, градоначалникот на општина Битола, со децентрализацијата општините добија нови можности да го управуваат неизграденото градежно земјиште, со што се труди да обезбеди поволности за привлекување поголем број инвеститори. Во индустриската зона „Жабени“, веќе се издадени три одобренија за градба. Едно е она на фабриката „Кромберг и Шуберт“, која почна со работа и во која веќе се вработени 200 лица, второто одобрение е за изградба на млекарница и третото за изградба на фабрика за пластична амбалажа.
Општина Ѓорче Петров изработи стратегија за локален економски развој преку намалување на бројот на невработени, па затоа има голем интерес од странските инвеститори. Според градоначалникот Сокол Митровски, досега десет објекти се купени од странци. Тој нагласи дека за општината од голема важност се малите капацитети до 100 вработени.
Во општина Кочани акцент е ставен на условите за развој на земјоделство, искористување на геотермалните води и развој на туризмот на туристичкиот центар Пониква.
Во општина Петровец активностите се насочени кон продажба на поголем дел на градежното земјиште на странски инвеститори. Како што истакна градоначалникот на општината, Борче Митевски, влезени се шест странски партнери.
-Во зоната од 160 хектари вработени се повеќе од 1.000 работници, рече Митревски, додавајќи дека за четири години во општина Петровец ќе нема невработени.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, рече дека Гевгелија е со најниска стапка на невработеност од 20 проценти и стратегијата за локален економски развој е насочена кон намалување на оваа стапка и отворање на нови работни места.
Тој како проблем на општината го истакна немањето на урбанистички планови, што им претставува проблем и на инвеститорите. Во оваа општина издадени се три одобренија за градба и планирана е изградаба на хотели со казина и трговски центар.
Во општина Илинден во девет индустриски зони се изградени 75 фабрики и се инвестирани се вкупно 170 милиони евра.
Во индустриските зони во оваа општина, како што рече градоначалникот Жика Стојановски отворени се 1.500 слободни работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
ИФФК „Браќа Манаки: Оскаровецот Роџер Дикинс се запозна со тимот на фестивалот (галерија)
-
МВР oфицијално: Приведен Е.Т. од Битола осомничен за убиството


