Демир Папоски од Прилеп бил удрен од непознат автомобил во близина на Градско, а потоа бил прегазуван од други автомобили кои не го забележале телото.
Несреќата се случила околу 21 часот на патот Градско – Скопје, во близина на наплатната рампа „Градско“ кога засега непознат автомобил удрил во Демир, по што тој паднал на патот, а автомобилот заминал од местот на несреќата.
Повредениот прилепчанец, кој привремено живеел во Велес, останал да лежи на асфалтот, по што бил прегазен од уште неколку автомобили кои не можеле навреме да го забележат поради неосветленост на патот.
Прилепчанецот починал на самото место, а полицијата трага по останатите учесници во сообраќајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил