Во новиот кабинет на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, ќе има 16 наместо досегашните 23 министри.
Тој го укина министерството за европски прашања, а задржа само четворица министри од стариот тим. Меѓу нив, Мевљут Чавушоглу останува министер за надворешни работи, Сулејман Сојлу повторно е министер за внатрешни работи, а непроменет е и министерот за правда Абдулхамит Ѓул.
Тоа е еден од најважните елементи на новиот систем на државно управување во Турција во кој Ердоган има овластување да ги назначува и разрешува министрите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.