Пратеникот на „Независни Грци“(АНЕЛ) Димитрис Каменос кој пред 20 дена гласаше за недоверба на актуелната влада СИРИЗА-АНЕЛ, денеска поднесе оставка од потпретседателското место во Парламентот.
Димитрис Каменос беше експресно отстранет од АНЕЛ кога, по предлогот на опозициската Неа демократија, гласаше против владата околу договорот од Преспа.
Неговите партиски колеги бараа тој да го „отстапи“ пратеничкото место.
По три оставки во помалиот коалициски партне, АНЕЛ, на владејачката СИРИЗА на Алексис Ципрас, владиното мозинство има 152 поддржувачи во 300 члениот грчки парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.