| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнат атинскиот градоначалник

atinaГрадоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, бил нападнат од група демонстранти, кои демонстрирале против масовните отпуштања на службеници во државниот сектор.

Според тамошните медиуми, градоначалникот бил нападнат додека излегувал од работна средба со други градоначалници. Се претпоставува дека врз него се нафрлиле членови на синдикати, незадоволни од плановите на Владата.  Сепак, атинскиот градоначалник не се здобил со сериозни повреди во нападот.

Општините во Грција денеска нема да работат во знак на протест против плановите на властите да бидат отпуштени за една година 12,5 илјади државни службеници. Дваесет и четиричасовен штрајк објавија и вработени во општинската полиција.

На повик на синдикатот АДЕДИ државните службеници денеска ја запираат работата од 12 часот до крајот на работниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top