| четврток, 6 декември 2018 |

Француска музика, џез и концерт на учесниците на семинарот за виолина викендов на „Скопско лето“

Викендов на програмата на „Скопско лето“ се бројни концертни настани. Утре, (07.07.2018), сабота, ќе се одржи завршен концерт на учесниците на семинарот за виолина на Анна и Олег Кондратенко, со почеток во 20:30 часот во Музеј на град Скопје. Концертот е во соработка со Музичка младина на Македонија.

Во недела, 08.07.2018, ќе се одржи концерт „Вечер на француска музика“ со почеток во 20:30 часот во Музеј на град Скопје. Концертот ќе биде изведен од Марија Вршкова – пијано, Марко Поп Ристов – виолина и Фредерик Легранд (Frederique Legrand) – виолончело, Франција.

„Скопско лето“ најавува ексклузивен концерт на Младински светски џез оркестар (JM World Jazz Orchestra) на чело со светско-познатиот Луис Бонила (Luis Bonilla) на 09.07.2018, понеделник, со почеток во 22:00 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Овој концерт е во соработка со Музичка младина на Македонија. Билети во Југотон Рекордс по цена од 200 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top