Рада Матиќ(35) негувателката од Виена, видена е неодамна во Борча во близина на куќата на семејството на убиената пејачка Јелена Марјановиќ.
Имено гастербајтерката изнајмила куќа во ова населено место.
-Точно е дека најдов стан во Борча, и тоа куќа во близина на Марјановиќ, како би била конкуренција на мајка му на Зоран. Јас решив, додека таа чека Стева Петка да и дозволи да работи, да и ги превзедам муштериите- рекла Рада со блага доза на иронија.
Дека не се откажува од Зоран Марјановиќ покажува нејзиниот стајлнг. Рада била облечена како и на првата фотографија која му ја пратила на Зоран. На себе имала црно мини здолниште, бела блуза со кратки ракави каде и се гледа тетоважата од непознат маж.
-Зоран ги обожуваше моите тетоважи и ми даваше совети да ослабнам, па го послушав – рекла новата сосетка на Марјановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.