| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа нов студен бран во Македонија

По синоќешната силна бура која ја зафати Словенија и Хрватска доаѓа нова, најавува специјализираниот портал „Метеомакс“.

Во следните 15-на часови поради продор на студен фронт од север кој ќе се судри со топлата воздушна маса од југ во голем дел од Балканот ќе услови развој на олујни системи кој ќе условат поројни врнежи од дожд, силни грмежи, силен ветер и локална појава на град кој локално може да биде и од поголема величина.

Најризично ќе биде во делови од Словенија а особено во поголем дел од Хрватска, Босна како и северна и западна Србија.

Во Македонија особено на планинските места ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за редок град.

Нестабилност со врнежи и грмежи ќе има услови и во делови од Бугарија.

Во текот на невремето можни се и локални поројни дождови. Условите за нестабилност на повеќе места како и услови за локално невреме кај нас во Македонија растат за време на овој викенд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top