| четврток, 6 декември 2018 |

Лизгање на земјиште и одрони заробија 30 луѓе и деца

Обилни врнежи предизвикаа лизгање на земјата на две места на патот Перучац -Растиште во Србија, а меѓу двете места кај езерото останале заглавени десетина автомобили со околу 30 патници, пренесуваат српските медиуми. Меѓу нив има и деца, посочува локалната власт.

Српскиот јавен сервис јавува дека противпожарни екипи , полиција и Секторот за вонредни ситуации тргнале на помош, а ангажирана е и механизација за да може да се тргнат одроните и да може наскоро да бидат спасени патниците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top